Conference
БАС ИНСТИТУТ ЗА МЕНАЏМЕНТ

Наставно научни работници

Проф. д-р Цветко Смилевски

Биографија

ПРОФ. Д-Р ЦВЕТКО СМИЛЕВСКИ

Проф. д-р Цветко Смилевски е пионер на образованието и обуката за менаџмент во Република Македонија. Претходно, по петгодишно искуство како средношколски професор тој 12 години работи како советник и директор во Републичкиот завод за унапредување на образованието и воспитувањето, за потоа да премине како истражувач во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ).  Во 1991 година тој ги иницира, дизајнира а потоа и долги години ги води првите студии по менаџмент во Р. Македонија – студиите по кадровски менаџмент и по деловен менаџмент на ИСППИ. Во 2001 година тој ги покренува и првите студии по менаџмент во образованието  на Педагошкиот факултет во Битола. Од 1994 година тој е меѓу првите менаџмент консултанти во РМ. Врз основа на петгодишното консултантско искуство тој креира и ја спроведува сопствена консултантска методологија – СКИТОП чија сеопфатна разработка е дадена во неговото капитално дело „Предизвикот и мајсторството на организациските промени“. Од неговата консултантска практика во областа на организациските трансформации произлегува сознанието за дефицитарност на компетентноста за оперативно менаџирање во фирмите во Р.М. Врз основа на тоа сознание, тој со неговиот тим ја дизајнира студиската програма по оперативен менаџмент со силна фокусираност на практиката, која е акредитирана во 2007 година како основна дејност на Бизнис академијата Смилевски - БАС. Како природно продолжение, во 2010 година е дизајнирана и акредитирана студиската програма за втор циклус на студии на БАС – студиската програма за школување на топ менаџери – МБА со фокус на стратегискиот менаџмент. Во БАС ИМ тој ја врши функцијата Претседател на Научниот совет, а во ДЕТРА центар испорачува консултатски услуги како водечки консултант за организациски промени.

Доц. д-р Даниела Карадаков

Доц. д-р Тони Соклевски

Биографија

ДОЦ. Д-Р ТОНИ СОКЛЕВСКИ

Доцент д-р Тони Соклевски докторирал на ИСППИ во Скопје и се здобил со титулата доктор на менаџмент. Од  2007 година избран е како наставник во наставните области Оперативен и Проектен менаџмент на Бизнис академија Смилевски- БАС, каде ги извршувал функциите на раководител на одделението во Битола и Заменик директор. Визитинг професор е на Универзитетот во Белград. Во 2013 година од основачите на БАС ја добива плакетата за особен придонес во градење на општествената одговорност на институцијата. Самостојно водел над 20-тина меѓународни и национални проекти и бил тим координатор на проектите од БАС Институтот за менаџмент во областите на Оперативен менаџмент. Добитник е на високи награди од најразлични области, има богато обучувачко и консултанско искуство и автор е на над 100 научни и стручни трудови во меѓународни научни списанија и конференции. Во 2016 година е избран за доцент и научен соработник во областа Оперативен менаџмент, а во 2017 година е избран за директор на БАС Институтот за менаџмент во Битола. Од 2018 година е член на Надзорниот одбор на МНД Битола. Член е на Програмски и Организациски одбор на неколку меѓународни конференции во земјата и странство.

Проф. д-р Гордана Тасевска

Проф. д-р Кристина Крстевска

Доц. д-р Таип Јакупи

Биографија

ДОЦ. Д-Р ТАИП ЈАКУПИ

Д-р Таип Јакупи е роден на 28.08.1965 година во с. Никиштани, Скопје. Средното образование го завршува во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Прв циклус на студии завршува на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката производно техничко образование. Студиите на втор циклус ги продолжува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде во 2004 година успешно го брани својот магистерски труд со наслов „Организациското учење како стратегија за подобрување на квалитетот на работниот живот“ и се стекнува со квалификацијата Магистер по кадровски менаџмент. Докторските студии ги завршува на истиот институт во 2007 година каде успешно ја брани докторската теза „Моделирање на менторството во спроведување на организациските промени“ и се стекнува со квалификацијата Доктор по менаџмент. Во однос на образованието, кандидатот има учествувано на повеќе семинари од меѓународен карактер во рамките на Светскиот поштенски сојуз од областа на управувањето, трансформациите и маркетингот. Исто така, има учествувано и на повеќе семинари за Заштита при работа организирани од повеќе организации во државата, како и од Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија.

Проф. д-р Лидија Стефановска

Проф. д-р Емилија Стефановска

Доц. д-р Ана Ристевска

Доц. д-р Зоран Јовески

Проф. д-р Марјан Танушевски

Биографија

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР Д-Р МАРЈАН ТАНУШЕВСКИ (НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК)

(избран професор за наставните предмети „Односи со јавност“ и „Менаџерско лобирање“)

Танушевски е професионален новинар вработен во државната новинска агенција МИА, активна личност во општествената заедница, претседател на Македонско научно друштво-Битола (2016-2020 г.). Академската мобилност ја реализира во БАС и БАСИМ, автор е на научни трудови објавени во државата и странство, а од 2017 година е избран за надворешен соработник и рецензент на изданијата на Академијата на науки и уметности на БиХ-Сараево. На покана, д-р Танушевски одржал предавања на Економски факултет-државен Универзитет во Загреб, Универзитет, ECPD-Универзитет Обединети Нации-Белград, Стопанска Комора на БиХ-Сараево, Хрватско друштво на лобисти-Загреб.

Вон. проф. д-р Марјан Танушевски креирал и реализирал домашни и меѓународни проекти поддржани од Делегација на ЕУ во Скопје, автор е на 10 книги објавени на македонски, англиски и албански јазик, меѓу кои „Комуницирање, односи со јавност и лобирање“, “Lobbying in Local Government”, „Вештини за комуницирање и лобирање“, „Нов практичен водич за лобирање“, „Козулската дипломатија во Битола“ и други. Танушевски е добитник на повеќе локални, национални и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и два претседателски медали од Светската Лајонс едерација-LCIF.

Проф. д-р Виктор Митревски

Биографија

ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР Д-р Виктор Радослав Митревски

Основни податоци:

  • Дата на раѓање:  28.03.1963 година во Битола
  • Постојано место на живеење : ул. Ген. Васко Карангелевски 7-1/18 - Битола
  • E mail: mitrevski_viktor@yahoo.com
  • Контакт телефон: 078 269 252

Образование

  • Завршен прв и втор циклус на студии на Универитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за Физичка култура - Скопје. Докторирано на кинезиолошки науки при истиот факултет. Во 2012 година избран за професор на додипломски и постдипломски студии на БАС – Бизнис академијата Смилевски во Скопје и Битола. Во 2013 година избран во наставно – научно звање Доцент на БАС Институтот во Битола, а од март 2018 година во наставно – научно звање Вонреден професот на БАС Институтот во Битола.

Професионален и кариерен развој

  • Во своето работнио искуство имам поимнато на повеќе работни места во повеќе институции. Наставник во средно образование, раководител на спортски организации и асоцијации, началник на (ОЕ) организациона единица за образование и наука при МОН на РМ, директор на средно училиште, од 2012 година ангажиран како наставник во високообразовната институција Бизнис академијата Смилевски и БАС – институтот за бизнис и менаџмент – Битола, а од 2017 година на Педагошкиот факултет во Битола.

Учество на работилници, обуки, научни собири, конференции, симпозиуми, објавени трудови и проекти

  • Во изминатиот период учествувано имам на повеќе работлници и обуки од областа на образованието, спортот и организирањето на локалните единици на самоуправа. Учество на повеќе од 40 домашни и меѓународни научни собири, симпозиуми и конференции (Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Автор на над 80 стручни и научни трудови во земјава и надвор. Автор и коавтор на осум трудови во престижни списанија (фактор на влијание), автор на две книги и активно учество во повеќе проекти.

Други способности

  • Одлично познавање на оперативниот систем WINDOWS  и

пакетот на апликативни програми MICROSOFT OFFICE  (Word; Excel;

Power Point; Publisher).

  • Професионални познавања и користење на програмите SPSS и Statistical.
  • Одлични познавања од статистиката применета во истражувањата.

Доц. д-р Весна Стојановска

Доц. д-р Дијана Ивановска Пржо

Биографија

ДОЦ. Д-Р Дијана Ивановска Пржо

Доц.д-р Дијана Ивановска Пржо е родена на 09.09.1986 година во Битола, Р.С. Македонија. Дипломира на Економскиот факултет во Прилеп во 2009 година, насока бизнис економија. Студиите на втор циклус ги продолжува на истиот факултет и во 2012 година се стекнува со звање Магистер по маркетинг менаџмент. Во 2018 на Економскиот факултет во Прилеп успешно го брани својот докторски труд ,,Интегрирање на традиционалните и современите пристапи во стратегискиот маркетинг за зголемување на конкурентноста на организациите” и се стекнува со звање Доктор по економски науки. Има завpшено и педагошка доквалификација на Педагошкиот факултет во Битола. На Бизнис академија Смилевски ги предава предметите од областа на Економија и маркетинг, и е координатор на студиите на Далечина и синергирање. Во 2018 година на Бас Институтот за менаџмент е избрана за Доцент. Бележи богато професионално искуство, учество во голем број обуки, трибини и реализација на проекти. Автор е на голем број на стручни и научни трудови во меѓународни научни списанија и конференции и е кoавтор на учебник ,,Маркетинг – Теорија и практика".

Проф. д-р Маја Кочовска

Проф. д-р Марија Котевска Димовска

Биографија

Вонреден професор . Д-Р Марија Котевска Димовска

Марија Котевска Димовска докторира на катедрата за Образовен менаџмент на Универзитетот УКЛО - Битола, магистрира на ИСППИ - катедра за Менаџмент на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ – Скопје,  а  дипломира на отсекот за психологија на УКИМ.  Со   наставно-научно звање вонреден професор на група предмети од полето Организациони науки и менаџмент се здоби во 2017 г. на БАС Институтот за менаџмент. Со звање Гешталт психотерапевт и тренер по критериумите на Европската Асоцијација за Гешталт Психотерапија се здоби во Гешталт центар - Београд.   Професионалниот ангажман  во наставно- oбразовната дејност го реализиран во Бизнис Академија Смилевски - БАС Битола, каде е ангажирана од 2010 прво како клиничар, а од 2013 како предавач на трет циклус на  студии.  Во периодот  2013 г. до 2018 г. одржува настава на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Од 2018 е постојан соработник во  ЦЕНТАР за личен развој, едукација и психотерапија Анима – Скопје како едукатор од областа на Гешталт терапијата.  Во траен работен однос е во АД ЕСМ од 1996 г. како  експерт по организациска психологија. До сега има објавено  над 80 научни трудови со оригинални научни резултати објавени во научно/стручно домашни и странски списанија, а научноистражувачката дејност е збогатена  со учество во над 30 конференции во земјата и странство и  две објавени книги од стручна област: „Професионална селекција со помош на психолошки тестови“ (2000);  „Емоционална интелигенција нова визија во лидерството“ (2017). Стручната дејност изобилува со бројни предавања и трибини во институции од јавен интерес од областа на психологијата, психотерапијата  и менаџментот, како и со  реализирање на обуки и работилници во повеќе меѓународни програми на работа со надарени и талентирани, а често е учество во културно-информативни тв емисии. Активна е во дејности од поширок интерес сочленство во органи и тела на бројни научни институции: Македонско научно друштво МНД – Битола,  Македонска асоцијација на надарени и талентирани  МАНТ - Скопје, Македонска национална асоцијација за гешталт терапија МНАГТ - Скопје  и др.

Проф. д-р Бедри Адеми

Аминистрација

Андријана Апостолова

Ана Христовски

Симона Наќева

Цена Даскаловска