Консалтинг акцелератор

Функција на Консалтинг акцелераторот

 

Консалтинг акцелераторот на БАСИМ го поддржува процесот на стасување и долго задржување  во организациската ТОП ФОРМА на своите партнерски органиизации (ПО).

Со практикување на високопартиципативни методологии (СКИТОП, ДРА, синергирање) консултантите на Акцелераторот и учесниците од ПО ја водат нивната органиција во организациската топ форма преку подобрувања на:

  • Стратегиската фокусираност;
  • Организациската клима и култура;
  • Иновативноста и продуктивноста;
  • Индивидуалната и организациската изведба и
  • Организациската и водствената одржливост.

Консултантскиот тим на Акцелераторот има потврдени референци и развени посебни обучувачки и консултантски алатки за секој тип на ПО:

  • Бизнис организации, посебно МСП,
  • Јавни установи (државни органи, агенции, образовни и здравствени установи и сл.)
  • Граѓански организации и
  • Јавни претпријатија.