ВРАБОТЕНИ

Директор

д-р Лидија Стефановска

Д-р Лидија Стефановска е доцент во наставната област Стратегиски менаџмент. Стефановска дипломира во 1996 година на Природно математичкиот факултет во Скопје отсек математика, со што се здобива со звање Дипломиран професор по математика. Во 1997 година магистрира на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, отсек Менаџмент во образование. Во 2011 година докторира на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи на тема „ Креирање на организациска архитектура и модели на лидерство за имплементација на организациска стретагија“, со што се стекнува со звање доктор по јавна администрација. Консултант е во Центарот за кадровски и информатички услуги ДЕТРА Центар Скопје. Учествувала на многубројни семинари, обуки, трибини и меѓународни конференции каде настапува со самостојни научни трудови. Добитник е на наградата од Здружението на просветни работници на град Битола за постигнување извонредни резултати во својата професија. Автор е на наставни материјали од областа на Стратегискиот менаџмент за додипломски и последипломски студии. Член е на програмскиот одбор на Меѓународната научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ во организација на БАС Скопје и БАС Институтот за менаџмент. Претседател е на организацискиот одбор на истата. Во областа на научно истражувачката дејност работи како научен соработник и тим лидер на Истражувачкиот проект „Компаниите како стратегиски фокусирани организации за конкурентност“ што е дел од Макро проектот „Развивање на стартегиски фокусирани организации за конкурентност“. Рецензент е на Journal of US – China Public Administration, David Publishing Company. Денес Стефановска работи како директор на БАС Институтот за менаџмент Битола и наставник по предметите од наставната област Стратегиски менаџмент. 

 

Деловен секретар 

Андријана Апостолова е деловен секретар на БАС Институтот за менаџмент Битола и референт за студентски прашања во одделението за дисперзирани студии на Бизнис Академија Смилевски – БАС Битола. Апостолова дипломира во 2007 година на Педагошкиот факултет во Битола на студиската програма учители, со што се здобива со стручен назив Дипломиран учител. Студент е на втор циклус на студии на Бизнис Академија Смилевски – БАС Битола. Присуствувала и учествувала на семинари, обуки, трибини и меѓународни конференции. Член е на организацискиот одбор на Меѓународната научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ во организација на БАС Скопје и БАС Институтот за менаџмент Битола. 

 

Наставен кадар 

Проф. Д-р Емилија Стевановска 

Вонреден професор 

Д-р Емилија Стевановска е Виш научен соработник на БАС Институтот за менаџмент Битола и предавач на предмети од областа на економијата на БАС Скопје. Дипломира во октомври 2000 година на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на насоката Меѓународна економија. Во 2001 година се запишува на постдипломски студии на Економскиот факулет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката Европски студии. Магистрира во јуни 2005 година кај академик Таки Фити на тема „Искуствата од функционирањето на современите пазари на труд и нивната релевантност за македонската економија.“ Под менторство на Академик Таки Фити продолжува со научната дејност и во февруари 2009 година го одбранува докторскиот труд на Економскиот факултет во Скопје под наслов: „Пазарот на труд во Република Македонија и аспирациите за членство во Европската унија.“ Во периодот од 2000-2004 година работи во ДОО „Енигма“ Битола како финансиски менаџер. Во периодот од 2004-2012 година работи на Европскиот Универзитет РМ – Скопје, најпрво како асистент, а потоа како професор по предметите: Основи на економијата, Монетарна економија, Менаџерска економија, Девизна политика, Меѓународни економски односи и Фискален систем и фискална политика на ЕУ. Од 2009-2012, покрај научно-наставната дејност беше и Раководител на Центарот за кариера при ЕУРМ. Во септември 2012 година се вработува во БАС Институтот за менаџмент во Битола, каде што во областа на научно истражувачката дејност работи како Виш научен соработник и дел од тимот на Истражувачкиот проект „Компаниите како стратегиски фокусирани организации за конкурентност“ што претставува дел од Макро проектот „Развивање на стартегиски фокусирани организации за конкурентност“. Во декември 2012 година е избрана како Вонреден професор и ги предава предметите: Вовед во микроекономија, Деловни финансии и Компаниски и инвестициски финансии на БАС Скопје. Активно се занимава со научна и стручна активност во рамките на работното место и има објавено повеќе стручни трудови во РМ и странство од областа на микроекономијата, макроекономијата и пазарот на труд. Има посетувано и активно учествувано на бројни семинари и научни собири и има одржано бројни стручни обуки. Автор и коавтор е на повеќе трудови и книги од областа на макроекономијата: Фискален систем и фискална политика на ЕУ, Монетарна економија, Стратегии во меѓународните економски односи. Нејзин тековен научен интерес претставуваат современите тенденции во развојот на теориите за пазарот на трудот и невработеноста, како и влијанието на економските политики во оваа сфера. 

 

Доц. д-р Гордана Тасевска 

Д-р Тасевска е доцент во наставната област Деловно секретарство. Додипломски студии завршува на Педагошкиот факултет – Битола како дипломиран учител. Специјализира во областа на Менаџмент во образованието на тема „Поставување и остварување на стандарди во училничкиот менаџмент“ (2005 год). Во декември 2006 год. магистрира на тема „Од училнички кон училишен кодекс на однесување“. Мај 2012 год успешно ја одбрани докторската дисертација тема: „Улогата на високообразовните организации во модернизирањето и реализирањето на професионалната практика на студентите на додипломските студии“ и се стекнува со звање Доктор по образовен менаџмент. Од декември 2012 се стенува со наставно - научно звање Доцент во наставната област деловно секретарство и Научен соработник на БАС – Институтотот за менаџмент. Посетува повеќе сертификувани обуки низ кои се стекнува со фасилитаторски, обучувачки вештини, ИКТ вештини и вештини за консултантство воопшто. Д-р Гордана Тасевска своите знаења ги надополнува со следење на повеќе сертификувани обуки, работилници, стручни и научни конференции и семинари. На тој начин го збогатува своето образовно и професионално поле. Активно е вклучена во повеќе научни проекти на Институтот. Самостоен консултант е во Центарот за кадровски и информатички услуги ДЕТРА Центар Скопје . Со нејзиното обучувачко и наставно искуство реализира обуки од областа на личен менаџмент, организациско комуницирање, time менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, надзорнички менаџмент и сл. Има објавено повеќе трудови и учествува на конференции со кои го збогатува своето образовно и професионално поле. Носител е на програми во проектот за Модернизација на образованието во соработка со МОН. Во 2007 ја објавува и својата прва книга во областа на училишниот менаџмент „Од училнички кон училишен кодекс на однесување“. Коавтор е на Прирачникот за обучување на училишните одбори во соработка и реализација на УСАИД програмата за подобрување на квалитетот на наставата Денес работи на БАС Институтот за менаџмент како научен соработник и наставник во наставната област Деловното секретарство на додипломските и поседипломските студии на Бизнис Академија Смилевски. Коавтор е на наставни компендиуми: Личен менаџмент, Менаџмент на човечки ресурси и сл. 

 

Доц. д-р Кристина Крстеска 

Д-р Кристина Крстеска е доцент во полето Бизнис менаџмент. Дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје на групата математика и физика. Магистрира на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, на Економскиот факултет во Прилеп по општ и стратегиски менаџмент во 2006 година. Во 2011 година докторира на истиот факултет на тема „ Развивање на системи за стимулација на вработените во зависност од природата на работата“, со што се стекнува со звање доктор на економски науки. Консултант е во Центарот за кадровски и информатички услуги ДЕТРА Центар Скопје. Учествувала на многубројни проекти, семинари, обуки и меѓународни конференции каде настапува со над 15 научни трудови. Во областа на научно истражувачката дејност работи како научен соработник и тим лидер на Истражувачкиот проект „Компаниите како стратегиски фокусирани организации за конкурентност“ што е дел од Макро проектот „Развивање на стартегиски фокусирани организации за конкурентност“. Работи на усовршување на наставни материјали од областа на менаџмент за додипломски и последипломски студии. Денес Крстеска освен што работи како научен работник на БАС Институтот за менаџмент Битола ангажирана е и како професор на Бизнис Акдемијата Смилевски. 

 

 

Доц. д-р Таип Јакупи 

Д-р Таип Јакупи е доцент во наставната областа Претприемништво. Дипломирал на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на Интердисциплинарните студии по Производно-техничко образование. Завршува постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, оддел за кадровски менаџмент во областа Менаџмент и се стекнува со титула Магистер по кадровски Менаџмент. Насловот на магистерскиот труд е „Организациското учење како стратегија за подобрување на квалитетот на работниот живот“. Докторската дисертација на тема „Моделирање на менторството во спроведување на организациските промени“ ја брани успешно и се стекнува со титула Доктор по менаџмент. Своите претприемачки активности ги започнува во 1991 година со основањето на сопствен бизнис во делот на трговијата кој успешно функционира веќе втора деценија. Во 1996 се вработува во Министерство за труд и социјална политика, во Државниот инспекторат за труд каде останува се до 2002 година кога е именуван за Генерален директор на Јавното претпријатие за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“. Во времето на управувањето со „Македонска Пошта“ е извршена организациската, статусната и кадровската трансформација на компанијата. Учествувал на повеќе семинари од меѓународен карактер во рамките на Светскиот поштенски сојуз од областа на управувањето, трансформациите и маркетингот. Денес Јакупи освен што работи како научен соработник во БАС Институтот за менаџмент Битола, работи и како наставник по предметите од наставната област Претприемништво на БАС Скопје.