Седма меѓународна научна конференција- БАСИМ

КОНФЕРЕНЦИИ
БАСИМ организира меѓународни научни конференции повеќе од една деценија.

КОНСАЛТИНГ АКЦЕЛЕРАТОР
БАСИМ го поддржува процесот на стасување и долго задржување во организациската ТОП ФОРМА!

НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА
БАСИМ спроведува свои и по нарачка научни истражувања за менаџерските предизвици во РСМ и пошироко.

Наши партнери:

Накратко за БАС ИМ...

Приватната научна установа БАС Институт за менаџмент Битола која е основана на 10.11.2011 год. со одлука на основачите, на 07.12.2020 г. се трансформира во Фондација и со тоа го наследува и целокупниот интелектуален капитал. Решение од ЦРРСМ добива на 20.01.2021 година. Фондацијата БАС Институтот за менаџмент е основана од Цветко Смилевски и Цена Смилевска. Фондацијата има статус на правно лице и е непрофитна организација.

Цели на Фондацијата се:

Апликативни проекти во областа на организацискиот и регионален одржлив развој поконкретно:

  1. Да врши научно истражувачка работа;
  2. Да создава авторски дела;
  3. Да врши други услуги од јавни овластувања;
  4. Да врши пренос на научно и стручно знаење и други остварувања како дел од применувачката дејност на основачот;
  5. Да врши издавачка дејност;
  6. И да врши други потреби согласно Закон, Статут и други акти на фондацијата.

 

За остварување на целите, Фондацијата остварува соработка со различни образовни, научни и истражувачки установи, државни органи и јавни служби, средства за масовно информирање и различни невладини организации во Република Северна Македонија и странство.