Седма меѓународна научна конференција - БАСИМ

Битола, 03 - 05 ноември 2022 г.

Предметен фокус:

АКАДЕМСКИ И МЕНАЏЕРСКИ ПРЕДИЗВИЦИ, ОСТВАРУВАЊА И НАУЧЕНИ ЛЕКЦИИ ОД ЗЕМЈИТЕ ВО ТРАНЗИЦИЈА КОН ПАЗАРНО СТОПАНСТВО

Денови
Часови
Минути
Секунди

МИСИЈА

Размена на нови идеи и пристапи кон определени менаџерски
предизвици поврзани со конкурентноста, преку презентирање
на резултатите од современите научни истражувања во областа
на организациските науки и менаџментот, економијата,
информатичките науки и образованието.

УЧЕСНИЦИ

  •  Наставно-научни работници од областа на организациските науки и
    менаџментот, економските науки, информатички науки, образование;
  • Наставно-научни работници од други сродни области од општествените
    и хуманистички науки;
  • Истакнати практичари од областа на организациските науки и
    менаџментот;
  • Студенти на втор и трет циклус на студии;
  • Наставници од образовни институции;

ЦЕЛИ

  • Да се презентираат истражувачки резултати за влијанието на академскиот инпут
    во процесот на транзиција кон пазарно стопанство;
  • Да се презентираат добри менаџерски практики во процесот на транзиција кон
    пазарно стопанство;
  • Да се презентираат научени лекции од перидот на транзиција кон пазарно
    стопанство и нивното влијание врз организацискиот развој;
  • Да се презентираат истражувачки резултати за организациските промени
    согласно промените во опкружувањето во периодот на транзиција и денес;
  • Размена на искуства за перидот на транзиција во повеќе области и дејности.

ТЕМАТСКИ ФОКУС

  • Модели на сопственичка и организациска транзиција;
  • Улогата на претприемаштвото и претприемачките фирми во периодот
    на транзицијата;
  • Менаџерски предизвици во приватните, приватизираните и јавните
    претпријатија;
  • Развој на функцијата на човечки ресурси во организациите во
    транзиција;
  • Улогата и оставрувањата на консултантската дејност во процесот на
    транзиција;
  • Професионалната и семејната сукцесија во процесот на
    организациската трансформација на организациите;
  • Ефектите од новите технологии и другите иновации во и
    пост-транзицискиот период;
  • Развивање на новите научни области на организациските науки во
    практиката (организациско разузванање, органаизиска интелигенција,
    организациска мудрост итн.);
  • Брендирање и ребрендирање на организациите;
  • Организацискиот коучинг во развојот на организациските
    капацитети;
  • Други менаџерски предизвици од процесот на транзиција.

ОДБОРИ

ПРОГРАМСКИ ОДБОР
  • Претседател: Проф. д-р Цветко Смилевски, Битола, Р. С.Македонија,
  • Акад. д-р Марјан Блажич, Ново Место, Словенија,
  • Проф. д-р Живан Живковиќ, Бор, Србија
  • Проф. емеритус Берекет Јебио, Малме, Шведска
  • Проф. д-р Слободан Ќамиловиќ, Травник, Босна и Херцеговина
  • Вонр. проф. Мануема Меќе, Тирана, Албанија
  • Проф. д-р Милан Радосављевиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Маја Анѓелковиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Бошко Родиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Александра Стојковиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Хонфи Вид Себестјен, Будимпешта, Унгарија
  • Проф. д-р Зсолт Илеси, Будимпешта, Унгарија
  • Проф. д-р Фотис Килипирис, Р. Грција
  • Вонр. проф. Мирослава Петревска, Белград, Србија
  • Вонр. проф. д-р Шермин Шентуран, Зонгулдак, Турција
  • Вонр. проф. д-р Мариа Иванова Стоева, Пловдив, Бугарија
  • Проф. д-р Лидија Стефановска, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Гордана Тасевска, Битола. Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Тони Соклевски, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Војциех Будзиановски, Вроцлав, Полска
  • Д-р Уве Кристијан Плачетка, Виена, Австрија

 

ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР
  • Проф. д-р Лидија Стефановска, претседател, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Тони Соклевски, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Гордана Тасевска, Битола, Р. С. Македонија
  • Доц. д-р Милан Јанковиќ, Белград, Србија
  • Доц. д-р Ивица Станковиќ, Белград Србија
  • Проф. д-р Илдико Лаки, Будимпешта, Унгарија
  • Виш пред. д-р Дијана Ивановска Пржо, Битола, Р. С. Македонија
  • Виш пред. м-р Иван Ѓорѓиевски, Скопје, Р. С. Македонија
  • Пред. м-р Билјана Галовска, Битола, Р. С. Македонија
  • М-р Агита Салиај, Тирана, Албанија
  • Андријана Апостолова, МБА, Битола, Р. С. Македонија
  • Ана Христовски, МБА, Битола, Р. С. Македонија

НАСОКИ

  • Заинтересираните автори најдоцна до 10.07.2022 година да испратат пријава за
    учество и апстракт на трудот (на еден од работните јазици и англиски превод) на официјалната
    e-mail адреса konferencija@bas.edu.mk;
  • Сите прифатени апстракти ќе бидат објавени во електронска верзија на Зборник на апстракти.
  • Краен рок за испраќање на целосните трудови е 01.11.2022 година;
  • Целосните трудови ќе бидат објавени електронски на страницата www.basim.edu.mk;
  • За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на e-mail
    konferencija@bas.edu.mk или на телефонот 070-339-667.

УПАТСТВА

  • Програмска апликација: Microsoft Word;
  • Формат – А4 со маргини 2,5 cm и во една колона;
  • Фонт – Calibri, големина на текстот 12 pt освен насловот на трудот (14 pt);
  • Текстот треба да се уреди со единечен проред (spacing – single);
  • Насловот и сите поднаслови да бидат напишани со големи букви и bold;
  • Апстрактот да не биде подолг од 250 зборови и да завршува со 3-5 клучни зборови;
  • Трудовите да започнуваат со име на авторот, институција и e-mail адреса;
  • Трудовите задолжително да содржат вовед, методологија на истражување,
    резултати и нивна анализа, заклучок и библиографија;
  • Обем – најмногу осум страници;
  • Харвардски стил на цитирање;
  • Трудовите се пишуваат на еден од наведените работни јазици;
  • Краен рок за испраќање на трудовите е 01.11.2022 година
  • Трудовите да бидат организирани на следниот начин:

 

НАСЛОВ НА ТРУДОТ

(празен ред)

Име на авторот
Институција, email адреса

Апстракт

(Пожелна структура: Вовед, Методологија на истражување, Резултати и нивна анализа, Заклучок и Библиографија).

 

КОТИЗАЦИЈА

УЧЕСТВО СО ТРУД | 40€
УЧЕСТВО БЕЗ ТРУД | 20€

50% ПОПУСТ ЗА ПАРТНЕРСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА БАС ИМ И БАС, КАКО И ЗА СТУДЕНТИ НА ВТОР ИЛИ ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ.

Рок за уплата на котизацијата е 01.11.2022 година;
Со котизацијата се опфатени: сертификат; организација на конференцијата; придружни материјали; електронска верзија на апстракти; зборник на трудови (електронска верзија);

Учесниците сами ги сносат патните трошоци и сместувањето.

СМЕТКИ ЗА УПЛАТА НА КОТИЗАЦИЈАТА

Денарска сметка
Назив на примачот: БАС Институт за
менаџмент Битола
Банка на примачот: Шпаркасе банка
Македонија АД Скопје
Сметка: 250011000736646

Девизна сметка
BAS Institut za menadzment Bitola
IBAN: MK07250011000736646
SWIFT: INSBMK 22
Banka: Sparkasse Banka Macedonia AD Skopje

ЛОКАЦИЈА

Конференцијата ќе се одржи во Битола, Р. С. Македонија во просториите на БАС Институтот за менаџмент и Бизнис академијата Смилевски*

ул. Херцег Нови бр. 6, Битола, Р. С. Македонија;
*доколку дозволуваат условите

Организатори:

БАС Институт за менаџмент – Битола ул. „Херцег Нови“ бр.6
Бизнис Академија Смилевски – Скопје, Бул. Јане Сандански бр. 111
Телефон: ++389(0)47 225 218
Интернет страни: www.basim.edu.mk, www.bas.edu.mk
Официјална е-маил адреса: konferencija@bas.edu.mk

Контакт лице:

Вон. проф. д-р Лидија Стефановска
Телефон: ++389(0)70 339 667
E-mail: lidija.stefanovska@bas.edu.mk