Осма меѓународна научна конференција - БАСИМ

Битола, 31.10 - 02.11.2024 г.

Предметен фокус:

ОБРАЗОВАНИЕТО И БИЗНИСОТ
ВО ГЛОБАЛНИТЕ МЕГАТРЕНДОВИ

Предконференциска работилница

ТРАНЗИЦИЈА КОН ИНДУСТРИЈА 5.0

Датум: Четврток, 31 Октомври 2024г.

Локација: Нетавил, Никола Тесла 9, Скопје

Почеток: 9:30ч.

Модератор на работилницата:

Dr. rer. pol. Djerdj Horvat

ИЗВЕШТАЈ ЗА ОДРЖАНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

Месец ноември, 2022-та година беше особено значаен месец за БАС ИМ:

  • Ја организиравме седмата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“
  • Ја организиравме петтата панел-дискусија „Менаџерски муабети 5“ и
  • Го прославивме јубилејот на Групацијата БАС, БАС ИМ и Детра центар “30 години создаваме менаџери“

Сите овие активности ги реализиравме во периодот 03-05 ноември во БАС Битола. Среќни сме што имавме можност да слушнеме новитети во менаџментот; да дознаеме од прва рака како се справуваат менаџерите со тековните предизвици; да се видиме со стари пријатели со кои соработуваме низ годините како и да запознаеме нови лица со кои допрва ќе соработуваме.

30 години сме посветени на создавање професионални менаџери преку формално и неформално образование. Нашата посветеност и љубов кон образованието е сѐ поголема секој ден. Горди сме што имаме лојални и посветени вработени кои ги споделуваат истите вредности и принципи. Благодарни сме што имаме и партнери кои ја препознаваат вредноста на она што го правиме и сакаат да соработуваат со нас. Сето ова е голем поттик за нас да продолжиме уште повеќе и уште подобро во она што најдобро знаеме да го правиме – да создаваме професионални менаџери!

МИСИЈА

Размена на нови идеи и пристапи кон определени менаџерски
предизвици поврзани со конкурентноста, преку презентирање
на резултатите од современите научни истражувања во областа
на организациските науки и менаџментот, економијата,
информатичките науки и образованието.

УЧЕСНИЦИ

  •  Наставно-научни работници од областа на организациските науки и
    менаџментот, економските науки, информатички науки, образование;
  • Наставно-научни работници од други сродни области од општествените
    и хуманистички науки;
  • Истакнати практичари од областа на организациските науки и
    менаџментот;
  • Студенти на втор и трет циклус на студии;
  • Наставници од образовни институции;

ЦЕЛИ

  • Да се презентираат истражувачки резултати за заемните односи  на бразованието и бизнисот
    во рамките на глобалните мегатрендови;
  • Да се презентираат добри менаџерски практики и
    иновативни приоди во современото опкружување;
  • Да се презентираат научени лекции
    од периодот на транзиција кон зелена економија;
  • Да се презентираат истражувачки резултати за организациските промени согласно промените во опкружувањето и глобалните мегатрендови;
  • Размена на искуства за примената на вештачката интелегенција во повеќе области и дејности.

ТЕМАТСКИ ФОКУС

(ПРЕДЛОГ ТЕМИ И СЕКЦИИ)

  1. ТРАНЗИЦИЈА КОН ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА
    • Концептуални и нормативни димензии на зелената економија
    • Циркуларна економија и транзиција кон зелена економија
    • Зелената економија и екологијата
    • Дигитализацијата и зелената економија
    • 3Е концепт на одржлива зелена економија: Економија, Екологија и Етика
  2. ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
    • Митови и реалности на вештачката интелигенција
    • Придобивки и закани од вештачката интелигенција
    • Вештачката интелигенција и одржливиот развој
    • Вештачката интелигенција и зелената економија
  3. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНДУСТРИЈА 5.0
    • Појава и еволуција на концептот Индустрија 5.0
    • Концептот на репродукциона зависност во Индустрија 5.0
    • Нормативни и логистички аспекти на Индустрија 5.0
    • Повеќестрани индустриски платформи и екосистеми на податоци за имплементација на индустријата 5.0
  4. ЦИВИЛИЗАЦИЈА И КУЛТУРА
    • Концептуални односи на цивилизацијата и културата
    • Културната диверзификација како интерно деловно окружување
    • Цивилизациски импликации на демографските движења
    • Импликациите на цивилизациските трендови врз образованието

ОДБОРИ

ПРОГРАМСКИ ОДБОР
  • Претседател: Проф. д-р Цветко Смилевски, Битола, Р. С.Македонија,
  • Акад. д-р Марјан Блажич, Ново Место, Словенија,
  • Проф. д-р Живан Живковиќ, Бор, Србија
  • Проф. емеритус Берекет Јебио, Малме, Шведска
  • Проф. д-р Слободан Ќамиловиќ, Травник, Босна и Херцеговина
  • Вонр. проф. Мануема Меќе, Тирана, Албанија
  • Проф. д-р Милан Радосављевиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Маја Анѓелковиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Бошко Родиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Александра Стојковиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Хонфи Вид Себестјен, Будимпешта, Унгарија
  • Проф. д-р Зсолт Илеси, Будимпешта, Унгарија
  • Проф. д-р Фотис Килипирис, Р. Грција
  • Проф. д-р Марија Гула, Р. Грција
  • Проф. д-р Николаос Шарисиу, Р. Грција
  • Вонр. проф. Мирослава Петревска, Белград, Србија
  • Вонр. проф. д-р Шермин Шентуран, Зонгулдак, Турција
  • Вонр. проф. д-р Мариа Иванова Стоева, Пловдив, Бугарија
  • Проф. д-р Лидија Стефановска, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Гордана Тасевска, Битола. Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Тони Соклевски, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Војциех Будзиановски, Вроцлав, Полска
  • Проф. д-р Дијана Ивановска Пржо, Р.С.Македонија
  • Виш пред. м-р Горазд Смилевски, Р. С. Македонија
  • Виш пред. м-р Иван Ѓорѓиевски, Р.С. Македонија
  • Д-р Уве Кристијан Плачетка, Виена, Австрија
ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР
  • Проф. д-р Лидија Стефановска, претседател, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Тони Соклевски, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Гордана Тасевска, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Дијана Ивановска Пржо, Битола, Р. С. Македонија
  • Виш пред. м-р Иван Ѓорѓиевски, Скопје, Р. С. Македонија
  • Виш пред. м-р Билјана Галовска, Битола, Р. С. Македонија
  • Андријана Апостолова, МБА, Битола, Р. С. Македонија
  • Ана Христовски, МБА, Битола, Р. С. Македонија
 

НАСОКИ

  • Заинтересираните автори најдоцна до 30.09.2024 година да испратат пријава за
    учество и апстракт на трудот (на еден од работните јазици и англиски превод) на официјалната
    e-mail адреса konferencija@bas.edu.mk;
  • Сите прифатени апстракти ќе бидат објавени во електронска верзија на Зборник на апстракти.
  • Краен рок за испраќање на целосните трудови е 30.10.2024 година;
  • Целосните трудови ќе бидат објавени електронски на страницата www.basim.edu.mk;
  • За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на e-mail
    konferencija@bas.edu.mk или на телефонот 070-339-667.

УПАТСТВА

  • Програмска апликација: Microsoft Word;
  • Формат – А4 со маргини 2,5 cm и во една колона;
  • Фонт – Calibri, големина на текстот 12 pt освен насловот на трудот (14 pt);
  • Текстот треба да се уреди со единечен проред (spacing – single);
  • Насловот и сите поднаслови да бидат напишани со големи букви и bold;
  • Апстрактот да не биде подолг од 250 зборови и да завршува со 3-5 клучни зборови;
  • Трудовите да започнуваат со име на авторот, институција и e-mail адреса;
  • Трудовите задолжително да содржат вовед, методологија на истражување,
    резултати и нивна анализа, заклучок и библиографија;
  • Обем – најмногу осум страници;
  • Харвардски стил на цитирање;
  • Трудовите се пишуваат на еден од наведените работни јазици;
  • Краен рок за испраќање на трудовите е 01.11.2022 година
  • Трудовите да бидат организирани на следниот начин:

 

НАСЛОВ НА ТРУДОТ

(празен ред)

Име на авторот
Институција, email адреса

Апстракт

(Пожелна структура: Вовед, Методологија на истражување, Резултати и нивна анализа, Заклучок и Библиографија).

 

КОТИЗАЦИЈА

УЧЕСТВО СО ТРУД | 40€
УЧЕСТВО БЕЗ ТРУД | 20€

50% ПОПУСТ ЗА ПАРТНЕРСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА БАС ИМ И БАС, КАКО И ЗА СТУДЕНТИ НА ВТОР ИЛИ ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ.

Рок за уплата на котизацијата е 01.11.2022 година;
Со котизацијата се опфатени: сертификат; организација на конференцијата; придружни материјали; електронска верзија на апстракти; зборник на трудови (електронска верзија);

Учесниците сами ги сносат патните трошоци и сместувањето.

СМЕТКИ ЗА УПЛАТА НА КОТИЗАЦИЈАТА

Денарска сметка
Назив на примачот: БАС Институт за
менаџмент Битола
Банка на примачот: Шпаркасе банка
Македонија АД Скопје
Сметка: 250011000736646

Девизна сметка
BAS Institut za menadzment Bitola
IBAN:  MK07250722000009610
SWIFT: INSBMK 22
Banka: Sparkasse Banka Macedonia AD Skopje

ЛОКАЦИЈА

Конференцијата ќе се одржи во Битола, Р. С. Македонија во просториите на БАС Институтот за менаџмент и Бизнис академијата Смилевски

ул. Херцег Нови бр. 6, Битола, Р. С. Македонија;

Организатори:

БАС Институт за менаџмент – Битола ул. „Херцег Нови“ бр.6
Бизнис Академија Смилевски – Скопје, Бул. Јане Сандански бр. 111
Телефон: ++389(0)47 225 218
Интернет страни: www.basim.edu.mk, www.bas.edu.mk
Официјална е-маил адреса: konferencija@bas.edu.mk

Контакт лице:

Проф. д-р Лидија Стефановска
Телефон: ++389(0)70 339 667
E-mail: lidija.stefanovska@bas.edu.mk