Фондација БАС Институт за менаџмент Битола

Приватната научна установа БАС Институт за менаџмент Битола која е основана на 10.11.2011 год. со одлука на основачите, на 07.12.2020 г. се трансформира во Фондација и со тоа го наследува и целокупниот интелектуален капитал. Решение од ЦРРСМ добива на 20.01.2021 година. Фондацијата БАС Институтот за менаџмент е основана од Цветко Смилевски и Цена Смилевска. Фондацијата има статус на правно лице и е непрофитна организација.

Цели на Фондацијата се:

Апликативни проекти во областа на организацискиот и регионален одржлив развој поконкретно:

1) Да врши научно истражувачка работа;

2) Да создава авторски дела;

3) Да врши други услуги од јавни овластувања;

4) Да врши пренос на научно и стручно знаење и други остварувања како дел од применувачката дејност на основачот;

5) Да врши издавачка дејност;

6) И да врши други потреби согласно Закон, Статут и други акти на фондацијата.

 

За остварување на целите, Фондацијата остварува соработка со различни образовни, научни и истражувачки установи, државни органи и јавни служби, средства за масовно информирање и различни невладини организации во Република Северна Македонија и странство.

ПРАВИЛНИК
за критериумите и постапката за избор во научни, наставно-научни и соработнички звања на БАС Институтот за менаџмент Битола